Марсијал и Дармијан на зима доаѓаат во Интер?

Италијанскиот калчолигаш Интер планира да се засилува на „Олд Трафорд“. Раководството на „нероаѕурите“ во зимскиот преоден рок ќе се обиде на „Џузепе Меаца“ да доведе двајца фудбалери на Манчестер јунајтед кои се во втор план кај менаџерот Жозе Мурињо.

Интер ги „пикираше“ Антони Марсијал и Матео Дармијан и сака да ги доведе во јануари во Милано. Доколку отштетата сепак биде преголема, тие би потпишале преддоговор со Интер и би пристигнале на лето во 2019 година.

Се вчитува...