Марсијал кажал „да“ на Севилја

Во јануарскиот преоден рок тимот на Севилја ќе добие големо засилување, откако Антоан Марсијал наводно ја прифатил понудата од тимот од Андалузија за да замине во нивните редови.

Марсијал имал и понуди од неколку други позвучни клубови како Јувентус и Барселона, но според информациите, тој не сакал да ја доживее истата судбина како во Манчестер, па затоа ќе се реши да ја прифати понудата на Севилја, и да се бори за титулата во пролетниот дел од сезоната, со оглед дека екипата се наоѓа на второто место на табелата.

Се очекува следните денови Марсијал да разговара со Ралф Рангник, кој веројатно нема да му прави проблеми на Французинот и ќе му дозволи да го напушти „Олд Трафорд“.

Се вчитува...