„Марсијал постигнува гол на секои 14 години“

ЛЕгендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин ја критикуваше играта на Манчестер Јунајтед, а се осврна пред се на напаѓачот Ентони Марсијал.

Французинот после поразот од Њукасл, дојде во рапсравија со менаџерот Ерик Тен Хаг. Заменет е во 60. минута порали лошата партија, а при заминувањето на клупата не го ни погледна својот менаџер.

„На Марсијал му простуваме затоа што постигнува гол на секои 14 години. Ќе кажам само едно: Ако Њукасл не става под притисок. тогаш подобро е да ја земеш топката и да и помогнеш на екипата да се подигне и да добие повеќе простор да „диши“. Што направи Марсијал? Ја добре топката и ефтино ја продаде. Јунајтед веќе неколку години се обидува да се ослободи од него. А, екипата се суди кога игра на големи натпревари. Ако Марсијал не е способен, тогаш не треба да биде играч на Јунајтед“, коментираше Кин.

Се вчитува...