Мартин Блажевски од Вардар се сели кај „пиратите“

Играчот од средниот ред 30-годишниот Мартин Блажевски, кој досега настапуваше во дресот на Вардар, во идните шест месеци како позајмен фудбалер ќе настапува во прволигашот Скопје.

Практично, тој се враќа во таборот на „пиратите“ во кој мина една и пол годин од јануари 2020 до август 2021 година, од каде замина во таборот на „црвено-црните“.

Блажевски дете на Вардар, а во кариерата има играно во многу клубови меѓу кои Металург, Локомотива, Охрид, Тетекс, Гостивар, Пелистер, Борец, а има и настапувано шест месеци во косовска Дрита.

Се вчитува...