Мартин Томовски до прва победа во Бундес-лигата

Македонскиот голман Мартин Томовски ја прослави првата бундеслигашка победа откако вечерва со Лудвигсхафен славеше на дуелот со Лајпциг со резултат 34-27.

Лајпциг беше без пораз во првите три кола, Лудвигсхаген немаше освеоено ниту еден единствен бод, но тоа беше само мотив повеќе за Томовски и соиграчите да одиграат максимално ангажираано и да им донесат радост на своите навивачи.

Поранешниот голман на Металург блесна во второто полувреме, кога по водството од 24-22 со неколку интервенции овозможи Лудвигсхафен да се одлепи и на крајот да слави со убедливи „плус седум“.

Се вчитува...