Габриел Мартинели е многу блиску до заминување од Арсенал, и тоа во трансфер со кој Бразилецот ќе стане најскапа продажба во историјата на лондонскиот клуб. Ал Хилал се наоѓа пред потпис со крилниот офанзивец откако начелно се договорени условите од 60 милионскиот трансфер со англискиот шампионат, а во завршна фаза се и преговорите со самиот фудбалер.
„Топчиите“ трошат богатство на нови фудбалери, но не важат за клуб што знае да продаде своја „ѕвезда“, па така рекорд им е продажбата на Окслејд Чембрлен во Ливерпул за 38 милиони евра уште во 2017 година.
Мартинели убедливо ќе го урне овој рекорд доколку се реализираат најавите за негова преселба во Ал Хилал. Тој претходно експресно одби трансфер во Галатасарај, но понудата на Ал Хилал изнесува фантастични еден милион евра месечно, сума што Бразилецот не може да ја одбие.
Бразилскиот репрезентативец веќе стана трета опција на лево крило кај „топчиите“, зад Цолис и Езе, јасна порака дека за него веќе нема иднина во Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
