Мартинели останува верен на Арсенал

Габриел Мартинели потпиша нов договор со Арсенал, потврди лондонскиот клуб. Бразилецот успеа да му се наметне на тренерот Микел Артета и да стане стандарден на левата крилна позиција.

Сега, како што беше најавено, тој потпиша нов договор со клубот до јули 2027 година. Станува збор за играч кој е втор стрелец на Арсенал, со седум постигнати гола оваа сезона.

„За нас е голема работа што Габриел потпиша нов договор со клубот. Нашата идеја е да изградиме тим од млади таленти како него“, изјави директорот на Арсенал, Еду.

 

 

Се вчитува...