Мартинез е одговорот за проблемите на Челси

Челси тргна триумфално во новата сезона, но во првото коло против Фулам стана јасно дека Санчез не поседува квалитети на голманската позиција и дека „сините“ ќе мора да доведат нов врвен чувар на мрежата ако сакаат да се борат за највисок пласман.

Денеска од „островот“ пристигнува информација дека Челси веќе почнал преговори со Емилијано Мартинез, за аргентинскиот репрезентативец пред самиот крај на преодниот рок да се пресели на „Стемфорд бриџ“. Мартинез второ лето по ред е поврзуван со заминување од „Вила парк“, најавениот трансфер во Јувентус не се реализираше, но тој се уште се надева дека ќе добие зелено светло за да ги промени клупските бои.

Добро за Мартинез е што Вила во меѓувреме го доведе Јапонецот Сузуки како стартен голман, што сериозно ги зголемува шансите на Челси да го осигура потписот на Аргентинецот.

Астон Вила бараше 10 милиони фунти од почетокот на преодниот рок за овој чувар на мрежата, сума што „сините“ без проблеми би ја платиле за да го решат најголемиот проблем што го имаат во ростерот за оваа сезон.

Се вчитува...