Мартинез: Овие момци имаат победнички карактер

Белгија беше во речиси загубена позиција, имаше негатива од 0-2 во 52.минута, но, сепак, Роберто Мартинез успеа да ги разбуди своите момци, а тие за половина час ја збришаа Јапонија на „Ростов Арена“ и обезбедија четвртфинале на Мундијалот против Бразил.

Мартинез го величи победничкиот дух на својата селекција.

„Ова е Светско првенство нема предавање до самиот крај. Голем триумф за нас, верувавме во него, иако бевме во навистина лоша ситуација на почетокот на второто полувреме. Но, ова кажува се за победничкиот карактер што го имаат момците. Сега нема да застанеме тука, иако нареден наш ривал е големиот Бразил“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

Се вчитува...