Манчестер Сити низ годините трошеше богатство на нови фудбалери за да ги исполни желбите на Пеп Гвардиола, но ситуaцијата целосно се промени откако трофејниот стратег летово го напушти кормилото и на негово место пристигна Енцо Мареска.
На „Етихад“ се случува вистински ремонт во играчкиот кадар, добро за Сити е што останува Ерлинг Халанд, но „сино-белите“ од тим познат по шопингот летово се трансформираше во клуб фокусиран на продавање.
Тоа најдобро го потврдуваат потезите на пазарот, ако се знае дека Манчестер Сити летово продаде осум фудбалери за речиси 400 милиони евра. Листата ја предводи Савињо, кој денеска замина во Тотенхем за 100 милиони евра, потое Рејндерс беше продаден во Саудиска Арабија за над 60 милиони, а за слична сума и Родри доби зелено светло за преселба во Барселона.
Мармуш е на чекор до потпис со Тотенхем, истото важи и за Нико Гонзалез, кој во следните 24 часа ќе потпише за Њукасл… резервниот голман Џејмс Трафорд за над 45 милиони фунти беше продаден во Лидс, Аке замина во Фенербахче, додека Аканжи беше откупен од Интер по успешната ланска позајмица.
Ако на ова се додаде дека Стоунс и Бернардо Силва заминаа како слободни играчи, јасно е дека се ослободени значителни средства во буџетот за плати.
Па во Сити неслучајно најавуваат нови засилувања до крајот на овој преоден рок и без проблеми можат да си дозволат да платат 140 милиони евра за Енцо Фернандес од Челси и уште 70 милиони за Коди Гакпо од Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
