Англискиот премиерлигаш Арсенал е во потрага по нов стратег по отказот што го доби Унаи Емери по неочекувано слабите резултати со тимот оваа сезона. За привремено решение е поставен Фреди Љунгберг, но раководството посакува многу поискусен стручњак на клупата на „топчиите“. Медиумите на Островот откриваат дека отпочнати се преговори со Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус и на Милан.
Арсенал му нуди долгорочен договор и годишна плата од 9 милиони евра на Алегри, а преговорите ќе продолжат и во наредните неколку дена.
„Топчиите“ утре му гостуваат на Норич во Премиер – лигата, а по 13 кола се наоѓаат на осмата позиција со 18 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА