Маслинко: Благодарам за дочекот во Пелистер, имав мотив плус против Гостивар

Андреј Маслинко имаше извонредно деби во дресот на Пелистер, откако македонскиот репрезентативец постигна 21 поен надополнет со седум скокови, на дуелот против својот довчерашен клуб Гостивар.

Крилниот кошаркар не го криеше задоволството по одиграниот прв меч, најавувајќи добри партии и во периодот што следи.

„Благодарам за дочекот во клубот, се чувствувам навистина одлично и мотивирано. Натпреварот со Гостивар беше интерес, за мене дополнителен мотив бидејќи играв против својот поранешен тим и морав да дадам буквално се од себе. Пелистер секогаш ќе оди на победа оваа сезона, пред нас сега е важен балон во АБА2 лигата на кој мораме да одиграме добро за да се пласираме во плејофот, а потоа ќе се фокусираме на Купот на Македонија“, изјави Маслинко.

Се вчитува...