Масовна тепачка во Втората кошаркарска лига

Седмото коло од Втората кошаркарска лига – запад донесе и сериозен инцидент откако натпреварот меѓу Лирија и Академија ФМП не се доигра по тепачката што се случи на теренот во салата „7 Март“.

Немилиот настан се случил во тек на третата четвртина, кога дошло до физичка пресметка. Хаосот бил комплетен откако во тепачката влетале и неколку родители од трибините, по што официјалните лица решиле натпреварот да биде прекинат и воопшто да не се доигра.

Комесарот за натпреварување дефинитивно ќе има полни раце работа, а ќе треба час поскоро да се пресече со сериозна казна, за ваквите настани од кошаркарските терени да бидат искоренети еднаш засекогаш.

Се вчитува...