Мата ги одби милионите од Саудиска Арабија, сака да освојува трофеи со Манчестер Јунајтед

Хуан Мата ќе ја заврши и оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, откако шпанскиот ветеран одбил две мегапонуда за да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Еден клуб му понудил на Мата 16 милиони евра, втората понуда изнесувала 20 милиони евра по сезона, но Шпанецот јасно ставил до знаење дека парите не му се приоритет во овој случај.

„Понудите беа исклучително високи, но Мата беше со јасен став – не сака да си замине, бидејќи негова желба е да победува и да освојува трофеи со Манчестер Јунајтед“, откриваат извори блиски до шпанскиот плејмејкер.

Хуан Мата е член на Јунајтед од јануари 2014 година, кога пристигна од редовите на Челси во трансфер вреден 46 милиони евра. Тој досега има постигнато 50 гола и 45 асистенции во дресот на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...