Мата го одведе Манчестер Јунајтед во следната рунда од ФА купот

Манчестер Јунајтед го совлада Вулверхемптон со 1-0 и се пласира во 1/16 – финалето на ФА купот на Англија. „Црвените ѓаволи“ во следната рунда ќе го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Вотфорд и Транмере.

Хуан Мата беше стрелец на победничкиот тим за составот на Оле Гунар Солскјер. Тој во 67.минута успеа да ја затресе мрежата на „волците“ по асистенцијата на Антони Марсијал. Шпанецот излезе сам пред противничкиот голман и рутински го надмудри.

Се вчитува...