Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Хуан Мата се потсети на времето кога во екипата стигна холандскиот тренер Луј Ван Гал. Мата во Јунајтед пристигна во јануари 2014 година, а само три месеци подоцна на клупата седна искусниот стратег.
„Пријатен човек, многу автентичен и сензибилен. Понекогаш покажуваше ранливост и плачеше кога зборуваше за некои работи. Кога се сретнавме прв пат ми кажа да му раскажам нешто за себе. Се викам Хуан имам 26 години и играм фудбал. А, тој ми кажа, не не. Кажи ми каква личност си. Дали имаш семејство и што е важно за тебе во животот“, изјави Мата.
Ван Гал во Јунајтед остана две години, а во 2016 година го освои ФА купот. Тоа беше последен клуб кој го водеше во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА