Матеј Цветаноски ја засилува Академија Пандев

Повремениот македонски репрезентативец Матеј Цветаноски ја засилува Академија Пандев за пролетниот дел од шампионатот.

Крилниот офанзивец, по настапите за Партизани во Албанија и Ѓирмот во Унгарија, повторно се враќа во македонскиот фудбал сега засилувајќи ги „пандевци“.

25-годишниот фудбалер претходно во македонскиот шампионат има настапувано за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар и Шкупи.

Се вчитува...