Матео Ковачиќ е нов фудбалер на Манчестер сити: Трансфер вреден 30 милиони фунти

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ и дефинитивно е нов фудбалер на Манчестер сити. Преговорите меѓу Челси и „граѓаните“ успешно се завршени па 29-годишниот Хрват се сели на „Етихад“ за сума од 30 милиони фунти.

Веќе од претходно е познато дека Ковачиќ уште пред 20 дена ги договори личните услови за трансфер во Сити, а сега и официјално падна договорот и меѓу двата клуба.

Ковачиќ во својата фудбалска биографија додава уште еден фудбалски великан, по претходните настапи за Интер и Реал Мадрид, како и за Динамо Загреб.

Изминативе пет години во дресот на Челси одигра 221 натпревари постигнувајќи и шест гола.

Се вчитува...