Матео Ковачиќ на трансфер-листа во Челси

Челси оваа сезона постави нов рекорд на потрошени финансиски средства за ангажман на фудбалери доведувајќи 16 нови засилувања за кои беа потрошени 612 милиони евра. По големата потрошувачка на лето се очекуваат и бројни заминувања од „Стемфорд Бриџ“, а еден од нив ќе биде и Матео Ковачиќ.

Хрватскиот репрезентативец е дел од „сините“ од 2018 година кога пристигна на позајмица од Реал Мадрид, а веќе следното лето беше откупен неговиот договор. Оттогаш се наметна како еден од најдобрите играчи во составот притоа освојувајќи трофеи во Лигата на Шампиони, Лига Европа, Суперкупот и ФИФА Светското првенство. Неофицијално, американските газди го ставиле Хрватот на трансфер-листата и се очекува тој да биде продаден во текот на наредниот преоден рок.

Покрај Ковачиќ на излезна врата од „Стемфорд Бриџ“ се и Кристијан Пулишиќ, Пјер-Емерик Обамејанг, Хаким Зијеш, Калум Хадсон-Одои, Бен Чилвел и Конор Галагер.

Се вчитува...