Матераци пак го „пецна“ Јуве: Се сеќавате ли на поплавата во Перуџа

Марко Матераци не ја пропушти можноста да го „пецне“ Јувентус на 20-годишнината од неверојатната завршница во „Серија А“, кога „старата дама“ во меч што беше одложуван, па доигран и покрај обилните врнежи загуби од Перуџа, а со тоа остана и без скудетото.

Матераци тогаш го носеше дресот на Перуџа, па се потсети на тој легендарен натпревар објавувајќи слика со својот „пријател“ Зинедин Зидан.

„Некој го има 5 мај, а некој 14 мај. Како само врнеше, така тој плачеше… Тој ден беше мокар од дожд и мокар од солзи“, напиша Матераци.

Се вчитува...