Матијашевиќ: Решаваа нијанси, Финска ги искористи нашите лоши моменти

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонија со пораз го стартуваше Европското првенство во одбојка, а селекторот Никола Матијашевиќ вели дека клучот е во лошите моменти на нашиот национален тим што Финска знаеше умешно да ги искористи.

„Игравме многу непостојано, Што е наша карактеристика, но сега грешките ги имаше многу. Нападот ни беше многу непостојан. Имавме проблеми на крајот од секој сет. Не можам да кажам на што точно се должи тоа, но веројатно е комбинација од пад на концентрација, недостаток на саомодверба, но и на неискуство на вакви натпревари. Во некои сегменти бевме многу доби. но, тоа не беше доволно. Најважно е сега да не паднат одбојкарите психички. Да одиграат против Турција“ – изјави по натпреварот Матијашевиќ за ЕКИПА.

Македонската селекција утре се соочува со Турција која во стартното коло загуби од Русија, но одигра солидно и успеа да освои сет.

Се вчитува...