Матиќ сакал да влета меѓу навивачите кои правеа хаос, но од клубот му забраниле!

Српскиот интернационалец Немања Матиќ вчера бил подготвен да влезе во толпата навивачи што протестираше пред и на „Олд Трафорд“ против американските газди на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, но бил спречен од челниците на клубот.

Немања сакал да ги смири фановите, нешто што веќе успешно направи пред неколку дена кога 20-тина следбеници влетаа во тренинг-кампот на „ѓаволите“, со цел да ги смири и да побара да им биде дозволено да го одиграат мечот со Ливерпул. Идејата на Матиќ ја поддржале уште тројца негови соиграчи, Скот Мектомини, Бруно Фернандеш и Хари Мекгваер, кои исто така сакале да се симнат меѓу навивачите.

Нивната молба била одбиена од челниците на клубот, што предизвикало бес кај Матиќ, кој не сакал само да „дреме“ во хотел и од прозорец да гледа што се случува пред стадионот.

 

 

 

Се вчитува...