Матиќ останува уште една сезона на „Олд Трафорд“

Немања Матиќ ќе продолжи да го носи дресот на Манчестер Јунајтед и во следната сезона, откако „црвените ѓаволи“ решија да го блокираат заминувањето на српскиот интернационалец.

Тој потпиша тригодишен договор во 2017, кога пристигна од Челси, но во договорот има клаузула што му овозможува на Јунајтед да активира и уште една дополнителна сезона. Оле Гунар Солскјер е воодушевен од стабилноста на искусниот играч за врска во периодот кога повредени беа и Погба и Мектоминеј.

„Матиќ само потврди дека е одличен играч и сигурно нема да си замине. Веќе е разговарано со него и договорено е да остане уште најмалку една година“, објави Солскјер.

Се вчитува...