Матиќ си најде нов клуб, оди кај омилениот тренер

Немања Матиќ е подготвен да стави крај на кошмарот во Манчестер Јунајтед, откако поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ беше целосно игнориран од страна на Оле Гунар Солскјер во досегашниот дел од сезоната. Србинот беше поврзуван со неколку клубови од Италија, но со последниот развој на настаните тој ќе остане во Премиер-лигата, и тоа најмногу по „вина“ на Жозе Мурињо.

Не е тајна дека „специјалниот“ е омилен тренер на Матиќ, кој соработуваше со Мурињо и во Челси и во Манчестер Јунајтед. Кога тој пред десетина дена реши да застане на чело на Тотенхем, една од првите желби му биле токму почеток на преговори со искусниот српски фудбалер за врска. Матиќ не е прескапа опција, а на Мурињо очајно му треба стабилен фудбалер на позицијата последен играч за врска, па и двете страни експресно се договориле на соработка.

Останува уште зелено светло за трансферот да даде Јунајтед, кој ќе бара околу 10 милиони фунти за српскиот ас, сума што Тотенхем без проблем ќе ја плати за што поскоро да му ја исполни желбата на Мурињо.

Се вчитува...