Матуиди уште една година во Јувентус

Францускиот интернационалец Блес Матуиди и следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот првак Јувентус. Клубот објави дека ја продолжува соработката со играчот за врска и следната натпреварувачка година. Договорот е потпишан на 14 февруари, пред прекинот на натпреварувањето во Серија А поради пандемијата на коронавирусот.

Матуиди е еден од тројцата заболени играчи на Јувентус од Covid-19 и останува во карантин. Покрај него, и Даниеле Ругани и Пауло Дибала се борат со симптомите на коронавирусот.

Се вчитува...