Маунт ја прекина „црната серија“ на Челси

Челси по три натпревари без триумф конечно стигна до победа во Премиер-лигата, освојувајќи ги трите бода на дуелот со Фулам (0-1). Челси го одигра целото второ полувреме со фудбалер повеќе, по црвениот картон што заслужено го доби Робинсон од Фулам, за грубиот старт врз Азпиликутеа.

Мејсон Маунт беше човекот на одлука, откако англискиот репрезентативец одлично се снајде во 78. минута и со прецизен удар од десетина метри го совлада одличниот Ареола. Гостите во 94. минута имаа стопроцентна шанса за втор гол, но Тимо Вернер се посрамоти со огромно промашување во ситуација „еден на еден“ против голманот на Фулам.

„Сините“ со овој триумф скокнаа на седмото место на табелата со 29 бода, седум помалку (но и меч повеќе) во однос на лидерот Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...