Маурисио Покетино е најбараниот човек во Манчестер

Маурисио Покетино е опцијата на Манчестер Јунајтед за тренерската позиција по лошиот старт на сезоната со два пораза и една повеќе среќна победа во трите одиграни кола. Но, тимот од „Олд Трафорд“ знае дека кон поранешниот менаџер на Тотенхем гледаат и од другиот крај на градот.

Манчестер Сити наводно го пикирал Покетино за замена за Пеп Гвардиола кој не покажува знаци на заинтересираност да потпише нов договор со клубот, а актуелниот му истекува за седум месеци. Покетино е надвор од фудбалот речиси една година по напуштањето на Тотенхем во ноември. Летово отворено кажа дека сака да се врати во Премиер-лигата откако ќе ги наполни батериите. А и двата клуба од Манчестер можат да му ја понудат шансата што ја чека.

Позицијата на Оле Гунар Солскјер постојано е на преиспитување поради тоа што Јунајтед не успеава да фати добар резултатски рита. Финишот на претходната сезона беше одличен и донесе трето место на табелата и пласман во Лигата на шампионите, но стартот на оваа сезона ги повторнува стартие проблеми.

Манчестер Сити пак исто имаше неочекуван поеток на сеозната. Сепак аругментите овде се малку поинакви. Сити е клубот во кој Гвардиола најдолго се задржа. Инаку тој чекаше до последниот месец од истекот на договорот за да соопшти дека си оди. Дополнтелно што неговата сопруга Кристина последнава година живее во Барселона за да го води бизнисот во модната индустрија.

 

 

 

 

Се вчитува...