Маурицио Сари ќе го собере Јувентус три седмици пред продолжението на Серија А

Серија А е суспендирана поради пандемијата на коронавирусот, но полека се појавуваат знаци дека Италија можеби ќе ги намали строгите мерки за движење на населението, па се предвидуваат и термините кога фудбалското првенство би можело да продолжи. Тренерот на италијанскиот првак Маурицио Сари има детален план како би го подготвил тимот за продолжението на шампионат. Ќе ги собере фудбалерите три седмици пред рестартот на шампионатот.

Најоптимистичката прогноза е дека Серија А би можела да продолжи викендот на 23/24 мај (најверојатно без присуство на гледачи) и во тој случај Сари сака да ги има сите фудбалери на располагање на 3.мај. Со оглед дека секој фудбалер има индивидуална програма за работа како би ја одржал физичката подготвеност и во периодот на изолација, тимот заедно би минал мини-подготовки од десетина дена, по што би следела и глазура на формата за продолжението од шампионатот.

Со оглед на мерките за внимателност, странците би морале да се вратат во Торино кон средината на април и да го минат задолжителниот 14-дневен карантин. Во моментот, Кристијано Роналдо, Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ, Сами Кедира, Даглас Коста, Алекс Сандро, Данило и Адриен Рабио не се наоѓаат во Италија и нивното враќање би значело и уште еден задолжителен двонеделен карантин, пред да се приклучат во работата со тимот.

 

Се вчитува...