Мауро Зарате на позајмица кај Прандели

Фудбалерот на Вотфорд, Мауро Зарате во последниот ден од преодниот рок на Блискиот исток се сели во редовите на Ал Наср, како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Тимот од Соединетите Арапски Емирати е предводен од италијанскиот стратег, Чезаре Прандели.

Зарате во минатиот зимски преоден рок потпиша за премиерлигашот Вотфорд, но по само три настапи дожиеа тешка повреда на коленото која го тргна од терените девет месеци. Откако се врати со тренажа Зарате конкурираше со место во првиот тим, но се појави понудата од Дубаи која не можеше да се одбие, пред се поради примамливиот финансиски дел.

За аргентинскиот фудбалер ова ќе биде втор престој во арапскиот фудбалски свет. Во 2007 година го носеше дресот на катарскиот клуб Ал Сад, пред неговиот договор да биде откупен од Лацио.

  

Се вчитува...