Мазари од Победа се сели во Работнички

Левокрилниот фудбалер Атдхе Мазари, кој досега го носеше дресот на Победа, во пролетниот дел ќе игра за Работнички. Мазари во минатото беше дел и од Струга ТЛ и од димот на Охрид, а може да игра на сите позиции во нападот.

Тој ќе биде четвртото засилување на „романтичарите“ во овој преоден рок, после Филип Илиќ, Кире Маркоски и Стефан Деспотовски.

Мазари веќе им се прклучи на своите нови соиграчи. Доаѓа од Победа како слободен агент. Од прилепскиот тим во овој преоден рок се очекуваат многу заминувања, со оглед на финансиските проблеми кои ги имаше тимот во последните неколку месеци, што резултираше и со заминување на Бобан Бабунски.

Се вчитува...