Мбапе е „новиот Пеле“: Втор тинејџер кој стрелал во финале на СП

Францускиот мегаталент Килијан Мбапе уште еднаш застана рамо до рамо со легендарниот Бразилец, Пеле. Тој е вториот тинејџер по Едсон Арантес до Насименто, кој успеал да погоди во финале на Светско првенство. Со 19 години, Мбапе се запиша во листата на стрелците во мундијалско финале.

Младиот Французин засекогаш ќе го памети моментот во 65.минута, кога успеа да го совлада Субашиќ и ја затресе мрежата на Хрватска. Тоа пред него го има направено само најдобриот на сите времиња, Пеле. На возраст од 17 години и 249 дена, Пеле постигна два гола во финалето на Светското првенство во 1958 година. Тој беше стрелец во 55. и во 90. минута во триумфот од 5-2 против Шведска.

Се вчитува...