Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе денеска ќе го има своето претставување од соништатат на „Сантијаго Бернабеу“ каде за првпат ќе се појави како фудбалер на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.
Откако ги помина медицинските прегледи, Килијан Мбапе стави потпис на договорот кој е во траење од пет години со кралскиот клуб во друштво на првиот човек Флорентино Перез.
Мбапе во Реал Мадрид дојде како слободен фудбалер, откако не се договори за продолжување на договорот со Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА