Младата суперѕвезда на Франција, Килијан Мбапе, играл повреден во финалето на Светското првенство во Русија. Тој имал повреда на грбот која воопшто не е наивна, соопшти „Л’Екип“. Според информации од стручниот штаб на „триколорите“, Мбапе заработил повреда на три прешлени на ’рбетот на полуфиналниот меч против Белгија. Неговиот настап во финалето бил сериозно доведен во прашање, но лекарскиот тим сепак успеал да го оспособи да учествува во најголемиот меч.
Мбапе успеа да постигне и гол во финалето и застана рамо до рамо со легендарниот Пеле. Тие двајца се единствените тинејџери кои се запишале во листата на стрелците на еден финален натпревар од Светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА