Мбапе: Имаме тим за да ја освоиме ЛШ, но досега многу грешевме кога беше најпотребно

Францускиот првак Пари Сен Жермен нема сериозна конкуренција во домашниот шампионат и секоја нова сезона има амбиции дека ќе успее да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Младата ѕвезда Килијан Мбапе смета дека тимот има квалитет за таков успех, но не смее да ги повторува грешките од минатото.

„Имаме моќен тим. Го имавме и минатите сезони, но не успеавме да ја оствариме нашата главна цел, да го освоивме трофејот во Лигата на шампионите. Правевме несфатливи грешки кога беше најпотребно. Но, мислам дека сме една сезона поискусни и подготвени за предизвикот“, вели Килијан Мбапе.

Тој и претстојната сезона ќе остане меѓу „светците“ иако имаше обиди од Реал Мадрид да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...