Мбапе: На 14 години имав понуда од Реал Мадрид

Напаѓачкото чудо на Монако, Килијан Мбапе, доби шанса од селекторот на Франција, Дидие Дешамп, да игра во стартниот состав на „триколорите“ на синоќешниот пријателски меч против Англија (3-2) и уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет со својата игра. Не постигна погодок, меѓутоа играше одлично и влезе во неколку изгледни шанси, а недостигаше само реализацијата. Сепак, јавноста е воодушевена од неговите игри, со оглед дека има само 18 години, и очекува тој да биде ѕвездата на овој летен преоден рок.

За него веќе наддаваат неверојатно суми, и доколку се одлучи на трансфер, сигурно ќе го урне рекордот на најголем трансфер во историјата. Прв во редот е Реал Мадрид, но и ПСЖ, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Баерн Минхен…

„Трансфер?! Не размислувам за тоа. Сакам само да играм фудбал. Реал Мадрид?! Тие ми понудија да се преселам во Мадрид уште на 14 години. Тогаш мојата мајка ги одби. Не знам, ќе видиме. Јас сум фудбалер на Монако и навистина ми се допаѓа да играм за мојот клуб“, изјави Килијан Мбапе по настапот за француската фудбалска репрезентација.

Се вчитува...