Мбапе на преговори со ПСЖ

Напаѓачката сензација на Монако, Килијан Мбапе, води преговори за трансфер во Пари Сен Жермен, открива францускиот „Л’Екип“. Тој заедно со татко си и со агентот биле на средба со претседателот на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи и добиле фантастични услови за младиот голгетер да се пресели во Париз и да го облече дресот на „светците“. На средбата присуствувал и спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике.

Клубот од „Паркот на принцовите“ е подготвен да плати рекордна отштета од 140 милиони евра за трансферот на Мбапе, а тој би му се придружил на Единсон Кавани во нападот на ПСЖ.

Во трката за Мбапе се и Реал Мадрид и Арсенал, кои исто така нудат басноснословни суми за да го придобијат потписот на младиот и суперталентиран напаѓач.

 

Се вчитува...