Мбапе: Нејмар преку СМС ме прашуваше кога ќе дојдам во ПСЖ

Младта ѕвезда на ПСЖ Килијан Мбапе, истакна дека Нејмар преку пораки контактирал со него прашувајќи го кога ќе го комплетира трансферот во редовите на „светците“. Во интервју за „Франс фудбал“, Мбапе вели дека добива голема помош од Нејмар откако пристигна во Париз, па така полесно се адаптирал на новата средина.

„Нејмар прави се што е во негова моќ да се чувствувам удобно уште првиот ден кога пристигнав во Париз. Соработката со него е посебна, веднаш ме зеде под негова контрола. Всушност, тој ме чекаше да дојдам тука. Пред да се комплетира трансферот ми пишуваше пораки, ме прашуваше кога ќе дојде тој ден кога јас ќе го обчема дресот на ПСЖ, а јас му велев дека ќе биде наскоро. Бидејќи работата се одложуваше, верувам дека тие моменти си мислел дека го лажам. Но, кога се беше завршено, ми олесна и мене, а и нему“, вели Мбапе.

Се вчитува...