Мбапе: Останувам во ПСЖ!

Килијан Мбапе ги израдува приврзаниците на ПСЖ обелоденувајќи дека сигурно ќе остане член на францускиот првак и во наредната сезона. Голгетерот во текот на ланската сезона во неколку ситуации имаше конфликт со тренерот Тухел, се шпекулираше дека се подготвува за преселба во Реал Мадрид, но Мбапе ги смири страстите околу својата иднина, барем за сезоната 2020/21.

„Сакам да кажам дека останувам, дека ќе бидам дел од овој проект и четврта година во низа. Без разлика што ќе се случува, јас ќе бидам тука. Што било, било… не се враќам наназад, се вртам кон иднината, сакам да му помогнам на тимот да освојува трофеи и да биде најдобар во светот“, истакна Мбапе.

Многу значајно сепак ќе биде да се види дали голгетерот ќе прифати да потпише нов договор со „светците“. Актуелниот договор на Мбапе истекува во 2022 година и доколку во текот на сезонава не потпише нов, тогаш ПСЖ ќе биде принуден следното лето да го продаде, и тоа по значително намалена цена бидејќи ќе има само уште 12 месеци од договорот. „Светците“ веќе испратија неколку понуди за продолжување на соработката, па останува да се види дали Мбапе ќе прифати да потпише нов петгодишен договор со овој клуб.

Се вчитува...