Мбапе по кризата нема да вреди 200 милиони, туку ‘само’ 40 милиони евра

Членот на Европскиот парламент Даниел Кон-Бендит, кој е дел од комисијата за економски прашања, вели дека во светот на фудбалот, по крајот на кризата од коронавирусот, ќе дојде до огромен пад на вредноста на трансферите.

Тој нагласува дека светот ќе заборави на трансфери кои достигнуваа и до 200 милиони евра, како пример наведувајќи го Килијан Мбапе од ПСЖ.

„По оваа криза напаѓачот на ПСЖ нема да вреди 200 милиони евра, туку некаде околу 40 милиони евра“ – вели Кон-Бендит и дополнува:

„Оваа криза жестоко ќе удри на професионалниот спорт. Ќе биде како некој нуклеарен напад, па се ќе почне да се гради отпочеток. Ќе биде неопходна комплетна реорганизација и тоа не само преку фудбалерите, туку и на полето на телевизиските права и маркетингот“.

И, на сето тоа носејќи клучен заклучок.

„Но, сето тоа нема да значи намалување на квалитетот на спортот. Нема фудбалерите, односно сите спортисти да играат послабо затоа што ќе бидат помалку платени. Но, едноставно од финансиски аспект можеби се ќе си дојде во некоја нормала“ – вели членот на Европскиот парламент.

Се вчитува...