Мбапе со роденденска честитка за Меси: Научив многу од тебе, како играч и како човек…

Лионел Меси денеска го прославува својто 36. роденден, а на адреса на аргентинскиот фудбалер пристигнуваат бројни честитки. Една од нив беше онаа од Килијан Мбапе, доскорешниот соиграч на Меси од ПСЖ кој јавно му се заблагодари на Аргентинецот за помошта што ја добивал од него.

Медиумите во изминатата година шпекулираа за несогласувања меѓу францускиот и аргентинскиот ас, но Мбапе со оваа порака јасно стави до знаење колку го почитува Меси.

„Ти посакувам да имаш најубав ден со твоето семејство и пријателите. Ти благодарам за овие две години во Париз, научив многу од тебе како играч, партнер, противник и како човек. За тоа, секогаш ќе ти бидам благодарен. Ти посакувам среќа во наредната авантура“, порача Килијан Мбапе.

Се вчитува...