Килијан Мбапе има повеќе слободно време по незгодната повреда што ја заработи минатиот викенд, па францускиот ас денеска реши да ја погледне репризата од дуелот Сампдорија – Милан.
Одличниот голгетер не го криеше воодушевувањето од настапот на Златан Ибрахимовиќ, кој со два погодоци ги предводеше „росонерите“ до голема победа во Џенова.
„Штотуку ја гледав репризата на Милан… Златан, каков играч… и тоа на 38 години“, напиша Мбапе на својот профил на твитер, не криејќи го воодушевувањето од настапот на шведскиот „фудбалски волшебник“.
Juste en train de regarder le replay du Milan…
Zlatan quel joueur quand même.
38 ans ???C’était tout pour moi bonne journée les gars ????
— Kylian Mbappé (@KMbappe) July 30, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА