Мбапе воодушеви и со потегот надвор од теренот

Килиан Мбапе е херојот на Франција во триумфот над Аргентина од 4-3 и пласманот во четвртфиналето на Мундијалот 2018.

Но, Мбапе воодушеви многумина и со потегот надвор од теренот. Тој одлучи да донира по 20.000 евра за секој меч на Франција на Мундијалот за децата со посебни потреби, како би им овозможил да се занимаваат полесно и со спорт.

Мбапе е амбасадор на организацијата за помош на децата. И се одлучи комплетниот бонус кој го добива за настапите за Франција да го даде на децата со посебни потреби…

„Килиан не воодушеви со потегот. Никогаш не сме му побарале парична помош, но се одлучи да ни пружи навистина сериозна финансиска помош. Често е со нас кога обврските му дозволуваат и ужива во секој момент со децата“ – изјави директорот на организацијата за помош на деца со посебни потреби, Себастијан Руфин.

Се вчитува...