Мбапе на патерици до медалот: Се слушна пукање, но мислам дека не е ништо скршено

Килијан Мбапе синоќа предвреме го напушти финалето од Купот на Франција на неговиот ПСЖ против Сент Етјен. Ѕвездата на ПСЖ во солзи го напушти теренот откако беше повреден од страна на противничкиот фудбалер, Лоик Перин.

 

На доделувањето на медалите Мбапе се појави со патерици, а на прашањето дали повредата е сериозна по мечот само кратко одговори:

„Се слушна пукање. Но, мислам дека нема скршеница“.

Сепак, останува денеска по деталните лекарски прегледи да биде утврдена тежината на повредата.

 

Се вчитува...