Мбапе, Зидан и донаторското срце

Ѕвездата на француската фудбалска репрезентација, младиот Килијан Мбапе, на 19 години е рамо до рамо со големиот Пеле. Го повтори неговото остварување за најмалку два гола во нокаут фазата во тинејџерски денови. Тој е првиот тинејџер во последните дваесет години кој постигнува повеќе од еден гол на светско првенство. Во 1998 тоа му успеа на Макл Овен.

1998 има уште едно симболично значење за Мбапе. Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп, како капитен токму пред дваесет години го крена првиот и засега единствен пехар од светските првенства за оваа нација. Мбапе е роден 161 по овој историски ден за францускиот фудбал. Дополнително, тој е првиот по големиот Зинедин Зидан кој постигнал два гола на мундијалски натпревар за Франција. Зизу го направи тоа токму во финалето во 1998 против Бразил.

Мбапе е мирно момче, и скромно размислува…За него, Пеле секако е ’бог на фудбалот“.

„Ве молам, без споредби со Пеле. Тој е најдобриот на сите времиња. Пеле е друга димензија, некое друго ниво. Јас се уште сум само на стартот од мојата кариера и имам уште многу да учам“, вели Килијан Мпабе, кој сигурно ќе го предводи нападот на Франција и на четвртфиналната пресметка против Уругвај.

Младиот Мбапе е и пример за човечка големина. Талентираниот фудбалер покрај со одличните изданија на Мундијалот во Русија и лидерската позиција која што ја има во тимот на Дидие Дешамп, вниманието на светската јавност го привлече и откако излезе информацијата дека целиот хорнорар што ќе го добие за настапот на Светското првнество ќе го донира на хуманитарна организација.

Неговиот став е дека не треба да ги зема парите за настап во националната селекција. Мбапе е покровител на организацијата „Preiers de Cordees association“ којa се занимава со организирање спортски активности за деца со посебни потреби и сите средства ќе ги донира за нивната благородна цел. Се работи за сума од 17.000 евра по натпревар, плус бонси, секако тука би влегла и наградата што ќе му следува за евентуалното освојување на титулата.

Мбапе им стана пример на неговите осиграчи. И дел од останатите француски репрезентативци решиле исто така да донираат дел од наградите.

Се вчитува...