Мбела остана и ја зеде „десетката“ во Шкупи

Раководството на Шкупи заврши одлична работа успевајќи да го задржи во своите редови Емануел Мбела. Францускиот напаѓач пристигна на „Чаир“ во текот на минатата сезона и беше еден од подобрите поединци во тимот на Шкупи. За неговите услуги во изминатиот период се интересираа клубови од неколку земји ширум Европа, но тој ги израдува челниците и навивачите на Шкупи решавајќи да остане во овој тим, во кој во новата сезона ќе го носи дресот со бројот десет.

Имав многу понуди од различни клубови, но по разговорите со управата на Шкупи и консултациите со мојот менаџер решив да останам во овој клуб. Благодарен сум за довербата што ми ја укажува Шкупи, се надевам дека во следната сезона ќе имаме многу повеќе причини за славје, многу повеќе победи и мои погодоци. Очекувам да имаме компактен и стабилен тим и да се бориме за место во горниот дел од табелата“ – изјави Мбела.

Фудбалерите на Шкупи продолжуваат со тренинзи во Скопје, на стартот од подготовките за новата сезона.

Се вчитува...