Македонскиот селектор Благоја Милевски го објави списокот од 27 репрезентативци за првите два натпревари од новиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026 кој стартува овој месец.
Македонија најпрво на 22 март гостува на Лихтенштајн во првиот меч од квалификацискиот циклус, а потоа на 25 март од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува Велс.
Милевски со силна верба во составот кој одигра одлична Лига нации минатата година, очекувано ќе се потпре на истите сили од претходните собири, сега единствено без Дарко Велковски кој е повреден, а со Лука Станковски како дебитант во тимот. Но, за македонскиот селектор, пред се, е најважно
„Позитивна промена е смената на клубовите на одредени играчи, затоа што имавме една најтешка година во историјата за минутажата. Но, и покрај тоа, тие секогаш го давале максимумот во националниот тим и јас сум горд на нив. Ме радува промената на клубовите на играчите и позитивните работи кои им се случуваат во овој момент, и кај Елиф, и кај Барди, и за Костадинов, Ашковски, Алиоски, Атанасов, Чурлинов, како и Агон Елези кој повторно се враќа… Секако дека ќе биде позитива за нас таа добра форма во клубовите“ – вели Милевски.
Јавноста, пак, секогаш очекува единствено максимални резултати.
„Добро е што јавноста, на некој начин, секогаш очекуваат од вас да бидете на највисоко можно ниво. Тоа е нешто позитивно и тие очекувања не мотивираат дополнително. На овие момци навистина им значи вербата во нив и нивните квалитети“ – истакнува македонскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА