Францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга, ја заврши тениската кариера уште во првото коло на познатиот турнир Ролан Гарос откако е поразен во четири сета од Каспер Руд од Норвешка со 6-7, 7-6, 6-2 и 7-6.
Беше еден од најемотивните тениски натпревари, а 37-годишниот Цонга во солзи го напушти теренот каде доби овации од домашната публика. На Цонга му падна тешко на крајот од четвртиот сет на меч топка за Руд, кога го совладаа емоциите а едвај успеа да сервира да го доигра мечот.
Од трибините стигнуваше и поддршка за Цонга, но на крајот Руд го однесе триумфот, а потоа целиот стадион стана и го испрати Французинот на најдобар можен начин во пензија.
🇫🇷🎾 FLASH – Jo-Wilfried Tsonga, en larmes, met fin à sa carrière sur une défaite au premier tour de #RolandGarros contre Casper Ruud, 8e mondial. (France tv) #RolandGarros2022 pic.twitter.com/UTNG36nBGK
— Mediavenir (@Mediavenir) May 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА