Рускиот тенисер, Данил Медведев на убедлив начин се пласираше во четвртфиналето на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен, откако денеска во осминафиналето на својот противник, Португалецот, Нуно Боржес му дозволи само четири гема.
Русинот славеше со максимални 3-0, по сетови 6-0, 6-1 и 6-3. Медведев во четвртфиналето го очекува подобриот од првиот тенисер во светот, Јаник Синер и домашната надеж, Томи Пол.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и Џек Дрејпер од Велика Британија кој исто така со максимални 3-0 (6-3, 6-1 и 6-2) славеше против Чехот, Томаш Махач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА