Медведев и Швјонтек без проблеми до осминафинале на Ролан Гарос

Вториот тенисер во светот, Данил Медведев без проблеми ја помина и третата пречка на годинашното издание на Ролан Гарос.

Русинот во 3. коло со максимални 3-0, по сетови 6-2, 6-4 и 6-2, славеше над српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ. Во машкиот дел од турнирот денеска пласман меѓу шеснаесетте најдобри обезбедија и Андреј Рубљов од Русија и Италијанецот, Јаник Синер.

Кај дамите Ига Швјонтек продолжува со своите убедливи партии. Нова на менито на Полјачката беше Црногорката Данка Ковиниќ која пружи далеку подобар отпор од нејзините претходнички. Првата тенисерка во светот славеше со 2-0, но во сетовите беше далеку поизрамнето од претходните мечеви (6-3 и 7-5).

Кај дамите пласман понатаму обезбедија и: Романката Бегу и Кинезинката Женг.

Се вчитува...