Мега дуел на стартот од плеј-офот во НБА – Милвоки по продолженија подобар од Мајами (ВИДЕО)

Милвоки Бакс поведе со 1-0 во плеј-оф серијата против Мајами Хит откако по продолженија во мега пресметка славеше со 109-107. Јанис Адетокумбо со 26 поени и 18 скока беше предводник на Бакс, а одличен беше и Крис Мидлтон кој заврши со 27 поени.

Кај Хит, Џими Батлер беше на чекор до трипл-дабл, забележувајќи 17 поени, 12 скока и 8 асистенции, а одлична вечер имаа и Горан Драгиќ со 25 и Данкан Робинсон со 24 поени.

 

Се вчитува...